Skip to main content

Мицкоски: Предвреме е постигната целта во туризмот – заклучно со август евидентирани еден милион туристи и три милиони ноќевања

Заклучно со август постигнат е приоритетот на Владата во делот на туризмот за 2026 година да имаме еден милион туристи и близу три милиона ноќевања. Што значи дека предвреме ќе ја постигнеме целта којашто сами си ја зададовме на почетокот на годината, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи го последнте податоци на Државниот завод за статистика за растот на туризмот.

Одговарајќи на новинарско прашање по отворањето на ново основно училиште во Ченто, тој појасни дека заклучно со месец август имаме блиску до еден милион туристи, некаде околу 980.000 и околу 2.730.000 преноќувања.

Но она што повеќе ме радува е навистина големиот бум кој што се случи во летните месеци јули и август и кој што траеше и месеците потоа. Во август бројот на туристи од странство, споредено со истиот месец минатата година, е поголем за 11,1%, а бројот на преноќувања е за повеќе од 20% поголем. Што претставува навистина нешто кое што сите нас пријатно нѐ изненади, но и потврда на заложбите на Владата да ги промовира туристичките потенцијали на земјата и на тој начин да привлекуваме туристи – рече Мицкоски.

Според него, тука е и договорот потпишани со туристички агенции кои што носат туристи и оти не треба да се заборави фактот дека дојдовните и патниците кои што патуваат надвор од земјата на нашите аеродроми е зголемен за 30% е споредено со истиот период од минатата година.

Поврзани вести