Skip to main content

Леќа во сос од домати и печурки

Magnific

Секогаш добредојден додаток сo палента, тестенини, компир, особено кога сè кажува дека ќе стане дел од нашето мени.

 Состојки:

  • 100 грама зелена леќа
  • 1 тегла сос од домати 
  • 200 грама шампињони
  • 1 лажица сецкан босилек
  • 2 лажици маслиново масло
  • 2 чешниња лук
  • 2 лажици бело вино
  • сол

Подготовка:

Исчистете ја и измијте ја леќата, натопете ја 2 часа во ладна вода, а потоа гответе ја во истата вода додека омекне. Во тава зовријте ги доматите и печурките, лукот, помешајте ја варената леќа, маслиновото масло, виното и зачинете. Сето тоа измешајте го нежно и на крај додајте исецкан босилек.

Сервирање:

Сервирајте ја леќата во сос од домати и печурки со палента или тестенини по избор и наросете пармезан.