Skip to main content

Ако Карик вечерва загуби, Нагелсман седнува на клупата на Јунајтед

 Тренерот на Манчестер јунајтед, Мајкл Карик, кажа што очекува од натпреварот со Атлетико Мадрид во второто коло од фудбалската Лига на шампиони.

– Имам огромна почит кон Диего Симеоне, поради фактот што е тука толку долго. За да се направи ова толку долго, за да се изгради нешто, понекогаш навистина е потребно време. Тие имаат одлична историја во ова натпреварување. Знаете, тие се навистина опасни во Лигата на шампионите и мислам дека веќе го докажаа тоа. Значи, тоа што ги имаме како наш прв противник на гости е одличен тест за нас и сериозен предизвик, на кој навистина се радуваме. Мислиме дека се добри како и секој тим во ова натпреварување, воопшто во Европа, и опасни како и секој друг тим. Тие го докажуваат тоа долго време, изјави Карик за клупската веб-страница.

Атлетико Мадрид загуби со 2:1 од Ливерпул во нивниот прв натпревар од Лигата на шампионите, додека Манчестер јунајтед го победи Сабах со 4:0.

Натпреварот Атлетико – Манчестер јунајтед ќе се игра вечер од 21 часот во Мадрид

Поврзани вести