
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Е.К.(24) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување кривично дело“ по член 366 од Кривичниот законик.
На 15.09.2026 во ОВР Дебар, Е.К. пријавила дека било влезено во нејзината куќа и биле одземени златен накит и други предмети во вредност од околу 3000 евра. По преземени службени мерки и по консултација со јавен обвинител, полициските службеници утврдиле дека Е.К. лажно пријавила кривично дело, соопшти МВР.

Македонски


