Skip to main content

Фондацијата Скопје 2028 – Европска престолнина на културата“ и Францускиот институт во Скопје ќе потпишат Меморандум за соработка

Амбасадата на Франција, Францускиот институт во Скопје, Град Скопје и Фондацијата „Скопје 2028 – Европска престолнина на културата“ во четврток, на 15 октомври во 11 часот во канцеларијата на градоначалникот на Скопје ќе има свечено потпишување на Меморандум за соработка
помеѓу Фондацијата „Скопје 2028 – Европска престолнина на културата“ и Францускиот институт во Скопје

Меморандумот ќе го потпишат Марјан Цветковски, Претседател на Фондацијата „Скопје 2028 – Европска престолнина на културата“ и Грегоар Жислер, директор на Францускиот институт во Скопје и советник за култура и соработка во Амбасадата на Франција.

Потписот на меморандумот е под покровителство на Кристоф Ле Риголер, Амбасадор на Франција и
Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје.

Со потпишувањето на овој меморандум се отвора ново поглавје во соработката меѓу двете земји, со особен фокус на културата, уметничката размена и развојот на културните и креативните индустрии во рамките на Скопје – Европска престолнина на културата 2028.

На настанот ќе биде најавена и првата иницијатива благодарение на оваа соработка, Фестивалот на улична уметност French Connection, чие прво издание ќе се одржи на 16 и 17 октомври во Скопје.

Фестивалот е организиран од Францускиот институт во Скопје, Фондацијата „Скопје 2028 – Европска престолнина на културата“ и Универзална сала.

Поврзани вести