Skip to main content

Велешанец голтнал пакетче дрога зошто полиција го запрела таксито во кое се возел

илустрација/архива

Вчеравечер во 22:35 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишија од слобода Т.А.(36) од Велес, соопшти МВР.

На улица „Благој Ѓорев“ во Велес било сопрено такси возило со кое се превезувал Т.А.. При обид да му се изврши преглед, се обидел да побегне, но набргу бил фатен, при што проголтал бела прашкаста материја и бил пренесен во Општа болница Велес за укажување лекарска помош, а потоа бил приведен во полициска станица, велат од МВР.

Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани вести