Skip to main content

Внесете морски шмек во секојдневието: Подгответе меки полнети лигњи

Magnific

Полнети лигњи, брзо, едноставно, меко, убаво, за сите оние што сакаат…

Состојки:

  • 4 парчиња исчистени лигњи
  • 1 поголем кромид
  • 2 лажици лебни трошки
  • 100 мл бело вино
  • 2 лажици крем сирење
  • 4 чешниња лук

Подготовка:

Лигњите (најдобро големи лигњи) исчистете ги ако не се чисти, измијте ги, а пипците и перките ситно исеcкајте ги на коцки. Еден поголем кромид ситно исецкајте го и пропржете до златно жолта боја на малку маслиново масло, додадете ги исецканите делови на лигњите и кратко пропржете неколку минути.

Зачинете по вкус со прстофат сол, мешавина од зачини, бибер, сецкан рузмарин, како кој сака. Додадете крем сирење, малку вода и кога ќе зоврие, додадете лебни трошки за да се згусне.

Наполнете ги лигњите и затворете ги врвовите со чепкалка. Лигњите ставете ги во подлабок плех, прелијте со маслиново масло, додадете гранче рузмарин, неколку чешниња лук и ставете во загреана печка на 200 степени 20 минути. По 20 минути, извадете ги лигњите, додадете бело вино и вратете во шпорет околу 10 минути за да испари алкохолот и сосот да се згусне.

Лигњите прелијте ги со сосот и превртувајте ги неколку пати уште 10 минути. Јадењето е готово!