Skip to main content
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО

Се сервисираат апаратите за компјутерска томографија на Клиника, итните пациенти се препраќаат во ГОБ „8-ми Септември“ и Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“

Министерството за здравство во координација со Универзитетскиот институт за радиологија информира дека е во тек сервисирање на апаратите за компјутерска томографија, кои се во дефект и се прават напори за нивно што побрзо ставање во функција.

Уште од почетокот на оваа недела е направена реорганизација за упатување на пациентите, со цел навремено добивање на потребната здравствена услуга.

За обезбедување континуитет на здравствената заштита, непречено згрижување на итните пациенти и навремена КТ дијагностика и до нивно повторно ставање во функција пациентите се згрижени, односно снимањата се вршат во ГОБ „8-ми Септември“ и Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

Здравјето и безбедноста на пациентите се наш приоритет. Затоа, до повторното ставање во функција на апаратите, пациентите упатени за компјутерска томографија се примаат и снимаат според следната динамика:

ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“, оддел за дијагностичка и интервентна радиологија
од 08:00 до 14:00 часот
од 20:00 до 02:00 часот

ЈЗУ Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – Скопје

од 14:00 до 20:00 часот
од 02:00 до 08:00 часот

Организацијата е времена и ќе се применува само додека апаратите на Универзитетскиот институт за радиологија не се вратат во функција. Ги молиме пациентите и лекарите доследно да ја почитуваат наведената временска динамика.

За секоја промена на состојбата, како и за повторно воспоставување на редовниот режим на работа, сите релевантни здравствени установи, служби и јавноста ќе бидат навремено информирани.

Министерство за здравство вложува максимални напори за што побрзо ставање во функција на оваа апаратура, со целосна посветеност кон непрекинато обезбедување квалитетна здравствена заштита, а дополнително се прават напори за обезбедување термини и во други соодветни јавни здравствени установи.

Поврзани вести