
Доколку ние, луѓето кои што ја сакаме Брвеница и ја сакаме Македонија се обединиме, како што ова можам вечерва пред мене да го видам, ова обединување, оваа недвосмислена поддршка, тогаш нема невозможна работа“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на митинг во Милетино во пресрет на изборите за градоначалник на општина Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври годинава.
Тој истакна дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ ја има неговата и поддршката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на предвремените локални избори.

Тоа што некои мислат дека е невозможно е возможно и победуваме на 18-ти октомври. Јасен е профилот и јасна е конкуренцијата на овие предвремени локални избори и јасен е победникот на овие предвремени локални избори. Стојанчо ја има мојата и поддршката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на овие избори – кажа Мицкоски.

Македонски


