
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Соединетите Американски Држави водат продуктивни разговори со Иран и дека нема да извршат напад врз таа земја пред изборите за Конгресот на средината на мандатот во ноември.
„Водиме продуктивни разговори со Исламската Република Иран“, напиша Трамп во објава на мрежата Truth Social.
Трамп додаде дека американската блокада на иранските пристаништа останува во сила и дека нафтата тече низ Ормуската Теснина.
„Нема да го нападнеме Иран во ниту еден момент пред изборите за Конгресот на средината на мандатот, кои ќе се одржат во САД на 3 ноември“, заклучи Трамп.(МИА)

Македонски


