
На 03.10.2026 во 22:10 часот, во ОВР Гостивар е пријавено дека на раскрсницата од ул. „Кеј Вардар“ и ул. „Тоде Богдановски“ во Гостивар, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патнички возила „голф“, управувано од Е.Р. (18), „голф“, управувано од Б.А.(19), „бмв“, управувано од М.М. (25) и паркирано возило „пасат“ во сопственост на Е.С. (54), сите од Гостивар.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајца 14- годишни сопатници, кои по укажаната помош во Ургентниот центар Гостивар се пренесени во Комплекс клиниките ,, Мајка Тереза” во Скопје.
Со телесни повреди се здобиле возачите Б.А. и Е.Р., како и сопатниците А.С. и Б.Л..
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ОВР Гостивар.

Македонски


