Skip to main content

Еколошка акција за чистење јавни и зелени површини во Чаир

На територијата на Општина Чаир денеска се реализираше еколошката акција „Излези и придружи се!“, во која учествуваа граѓани, млади, ученици, волонтери и претставници на институциите и јавните претпријатија.

Во акцијата се вклучиле вработени во институциите и јавните претпријатија, волонтери на Црвениот крст, како и ученици од сите општински основни училишта во Чаир, кои дејствувале на повеќе локации низ општината.

Во акцијата се вклучија вработени во институциите и јавните претпријатија, волонтери на Црвениот крст, ученици, млади и граѓани, кои дејствуваа на повеќе локации низ општината. Една од рутите започна пред објектот на Општина Чаир и продолжи кон Паркот Чаир, при што беа чистени површините долж оваа траса и во самиот парк – стои во соопштението.

Од Општина Чаир ја нагласуваат потребата од континуиран ангажман и заедничка одговорност во заштитата на животната средина и одржувањето на јавните површини, посочувајќи дека акцијата ги обединила различните генерации околу заедничка цел – почиста и поуредна општина.

Во училишните дворови и околните површини беа спроведени активности за чистење, преку кои учениците дадоа свој придонес за почиста и поуредна средина, станувајќи дел од заедничкиот ангажман што се реализираше на територијата на Скопје. Учеството на училиштата од Чаир во оваа акција имаше и едукативен карактер, поттикнувајќи ја свеста кај учениците за важноста на заштитата на животната средина и одговорноста кон заедничките простори – додаваат од Општината.

Од Чаир најавуваат дека ќе продолжи да поддржува и промовира иницијативи за подигнување на еколошката свест и активно учество на граѓаните во грижата за животната средина. 

Поврзани вести