Skip to main content

УХМР: Утринските температури неделава ќе бидат близу нулата

Времето утре променливо облачно со сончеви периоди. Во југоисточните делови ќе има услови за слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, соопшти УХМР.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Од УХМР соопштија дека до крајот на новата седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринските температури ќе бидат пониски, а дневните во границите на просекот за овој период од годината.

Поврзани вести