
На повеќе локации во Скопје утрово се вршат претреси во заедничка акција на Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за национална безбедност (АНБ), соопштуваат од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција од каде додаваат дека приведени се повеќе лица поради сомненија за тероризам.
Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК на територија на Скопје во тек е акција на МВР и АНБ на повеќе локации. Приведени се повеќе лица поради сомнение за сторени кривични дела од областа на тероризмот, информираат од Обвинителството од каде што најавуваат повеќе детали по завршување на акцијата.
Инаку, дел од медиумите, повикувајќи се на неофицијални информации од извори во безбедносните служи, пишуваат дека наводно станува збор за група од околу пет лица, која се занимавала со лихварство, индоктринација и поттикнување тероризам.
Според неофицијалните информации на „Слободен печат“, при претресите било пронајдено знаме на терористичката организација „Исламска држава“, оружје и муниција.

Македонски


