
Неколку лица завршиле во болница по хаосот кој ноќва го предизвикале двајца мажи во скопско казино.
Како што соопштува МВР, во 02:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека во казино на подрачјето на Кисела Вода, две лица ги вознемирувале гостите во објектот, а едниот од нив фрлил мобилен телефон кон едно женско лице, но не ја погодил.
Исто така, според пријавеното, лицата оштетиле дел од инвентарот и активирале противпожарни апарати, при што неколку лица – гости и вработени, поради проблеми со дишењето биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Македонски


