Skip to main content

Калибаф: Цената на нафтата ги побива тврдењата на САД за контрола врз Ормуската Теснина

Претседателот на Иранскиот парламент и главен преговарач, Мохамед Багер Калибаф, ги оспори тврдењата на САД дека презеле контрола врз Ормуската Теснина, укажувајќи притоа на сè уште високата цена на нафтата.

Калибаф синоќа на платформата „Икс“ наведе дека со нафтата се тргува по цена за околу 35 долари за барел повисока од нивото пред војната.

„Или пазарот е глуп или американската пропагандна машинерија ја фалсификува реалноста“, напиша Калибаф на англиски јазик.

Тој иронично додаде дека за оние што ѝ веруваат на американската верзија на случувањата во Ормуската Теснина постои „бесплатен долар на автомат“, повикувајќи ги да одат и да си го земат.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, во саботата изјави дека САД имаат целосна контрола врз Ормуската Теснина и го отфрли најновиот мировен предлог на Техеран како „неприфатлив“.

Трамп истакна дека САД „убедливо победуваат“, додека Иран трпи огромни загуби поради американската поморска блокада и економските мерки.(МИА)

Поврзани вести