
14 млади лица ноќва се приведени во Центар по групна тепачка која се случувала во доцните ноќни часови.
Како што соопшти МВР, денеска во 03:00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа М.Е.(19), Г.С.(19), И.Р.(20), А.М.(20). Л.Ѓ.(19), А.А.(19), В.Г.(19) и Ж.А.(20) и шест 17-годишници, сите од Скопје, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци, велат од МВР.

Македонски


