Skip to main content

Што ако е облачно денеска на Крстовден?

Православните верници денеска го одбележуваат Крстовден – празник на чесниот Господов крст.

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Крстана, Кристина, Христина, Кристијан…

Празникот Воздвижение на чесниот крст, во народот познат како Крстовден, се празнува во чест на наоѓањето на крстот врз кој бил распнат Исус Христос и во чест на неговото враќање од Персија во Ерусалим. Поради неговата чудотворна моќ крстот е наречен и животворен крст. Наоѓањето на чесниот крст врз кој бил распнат Исус ѝ се припишува на царицата св. Елена, мајката на славниот цар св. Константин Велики, основоположникот на Цариград (Константинопол) и првиот император што ја признал христијанската вера.

Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот Крстовден или Водокрст (18/5 јануари) е посветен на стариот обичај според кој на овој ден биле крштевани оние што го примале христијанството, а есенскиот Крстовден, под името Воздвижение на чесниот крст се празнува во чест на наоѓањето на крстот на кој бил распнат Исус Христос. Овој настан ѝ се припишува на царицата Елена, мајката на славниот цар Константин, основоположникот на Цариград (Константинопол).

Нашиот народ го празнува Крстовден како тежок празник. Тогаш не се работи и се пости „за крст“.

Се верува дека Крстовден е важен и за предвидување на времето и претстојната зима.

Ако на Крстовден е облачно, зимата ќе биде богата со снег, а ако е ведро, ќе има сув мраз. Тивкиот дожд на овој ден предскажува блага зима, додека сувото време најавува сушна следна година