
УХМР за денеска издаде метеоаларм поради пообилни врнежи од дожд, со очекувани количини над 30 литри на квадратен метар на места.
Времето ќе биде облачно и постудено, со повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и во текот на ноќта, објави 4news.mk Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Во сабота ќе се задржи постудено време со повремени локални врнежи во претпладневните часови, по што се очекува постепено стабилизирање и затоплување на времето.

Македонски


