
Вчера околу 10:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Борис Трајковски“ во Скопје, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.Г.(41) од Скопје, удрило во инвалидска количка, во која бил Т.П.(70) од Скопје.
Како што соопшти МВР, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Т.П., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Македонски


