
Реномираната издавачка куќа за деца и млади „Креативни центар“ од Белград го објави преводот на сепски јазик на романот „Илина и шумските тролови“ од Хана Корнети. Преводот е на Ирена Шентевска.
Креативни центар од Београд, основан 1989. године, за повеќе од три и пол децении прерасна во една од најзначајните и најнаградувани издавачки куќи за деца во Србија. Неговото значење е пошироко од самиот број на изданија: „Креативни центар“ изгради препознатлив издавачки стандард во кој детската книга се сфаќа како спој на книжевност, имагинација, образование, визуелна култура и почит кон детскиот читател.
Со објавувањето во оваа издавачка куќа романот на Хана Корнети ќе има можност да допре до пошироката читателска публика во регионот.
Промоцијата на книгата во Белград ќе се одржи на 9 октомври во рамките на манифестацијата „Детска недела“ во библиотеката „Бранко Миљковиќ“ а утредента, на 10 октомври, и во книжарницата на издавачот.
Македонското издание на „Илина и шумските тролови“ во 2023 година го објави издавачката куќа Или-Или.

Македонски


