
Воено-биолошките активности на одделни држави вон нивните територии придвижуваат сериозни прашања во врска почитувањето на Конвенцијата за забрана за биолошко и хемиско оружје. Тоа денеска го изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на семинар за националната примена на таа Конвенција.
Тој изјави дека биолошката безбедност и понатаму е актуелно прашање укажувајќи на прекуграничната природа на биолошките закани, потенцијалната злоупотреба на биотехнологијата и можна употреба на биолошки агенси и токсини како терористичко оружје.
Лавров додаде дека воено-биолошките активности на одделни држави во н нивната територија што се спроведуваат под изговор соработка претставуваат сериозно прашање во врска со почитувањето на Конвенцијата. Лавров оцени дека напорите за универзализација и јакнење се потребни повеќе од кога било претходно.
Како приоритети на Русија ги наведе изработка на универзално, правно обврзувачки протокол со Конвенцијата, со ефикасен механизам на верификација, како и исполнување на обврските на државите потписнички. Тој додаде дека Русија се залага за воспоставување систем за процена на научно-технолошкиот напредок во биолошката област и контрола на истражувања.(МИА)

Македонски


