
Во скопската населба Железара гори магацин за бои и лакови, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Станува збор за објект на булеварот „Александар Македонски“ број 67.
Од пожарот се издигна густ црн чад, кој се гледаше од повеќе локации на Скопје.
Веднаш била известена Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје, чии екипи се упатија на терен за справување со огнот. Пожарот е локализиран. На терен интервенираа 20 пожарникари со девет противпожарни возила.

Македонски


