
Пациент со тешки повреди е пренесен на лекување во Скопје. Иако, неговите родители ги известиле дека паднал од кревет, тој вели дека бил нападнат од болничар.
Од полицијата го испитуваат случајот. Кај нив вчера во 10:00 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Р.Ј.(35) од Штип.
Таткото на повредениот пријавил дека на 16.09.2026 од Јавна здравствена установа во гевгелиско, каде што се лекувал, бил известен дека неговиот син паднал од кревет и се повредил. Додека, пак, повредениот пријавил дека во установата бил физички нападнат од болничар.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Македонски


