
Мора да го правите тоа што го сакате, но и обратно, порача денеска данскиот кинематографер Дан Лаустсен на семинарот насловен како „An Image Maker’s Journey“, одржан во организација на LEITZ, во рамки на 47. издание на ИФФК „Браќа Манаки“. Лаустсен, трикратниот номиниран за „Оскар“ за најдобра кинематографија, пред публиката во киното „Манаки“ зборуваше за своите почетоци, работата со режисерите, развојот на визуелниот јазик, изборот на опрема и искуството со големите меѓународни продукции.
Го снимив мојот прв долгометражен филм веднаш по дипломирањето на Данската филмска школа, во 1979 година. На почетокот работев со многу мали екипи и ограничени ресурси. Токму тие услови ме научија да бидам креативен со опремата што ми е достапна. Во почетоците користев LED светла, но и најразлични други светла, Имавме евтини проектори“, раскажа кинематограферот.
Лаустсен посочи дека имал среќа да работи со режисерот Сорен Краг-Јакобсен, Од првите филмови, кога екипите броеле само двајца или тројца луѓе, до денес, кога работи на големи продукции со бројни членови на филмската екипа, Лаустсен го следи истиот принцип – големината на екипата треба да произлегува од приказната.
Не можете да направите акционен филм со 10 луѓе. Јас лично сакам да работам со мала екипа и мали стории“, објасни тој.
Во рамки на мастеркласот беа прикажани сцени од филмот „Skyggen af Emma“ (Emma’s Shadow) од 1988 година, а Лаустсен кажа дека е фан на темни кадри и големи сенки. Еден од значајните моменти во неговата кариера била работата на францускиот филм „Le Pacte des loups“ (Brotherhood of the Wolf). Лаустсен раскажа дека работата на филм на француски јазик претставувала голем предизвик, особено затоа што доаѓал од Данска.
Го снимивме овој филм на француски јазик и тоа беше тешко на почетокот. Многу луѓе беа против тебе, велеа: ‘Што бара Дан од Данска во Франција?’“, се присети тој.
На продукцијата користеле три камери кои снимале истовремено, а околу визуелниот изглед на филмот имало бројни дискусии. Лаустсен посочи и дека отсекогаш бил приврзаник на висококвалитетните леќи.
Тоа беше мојот прв акционен филм. Снимавме со недели“, рече тој.
Лаустсен зборуваше и за својата работа на „Mimic“, еден од филмовите со кои започнува неговата соработка со режисерот Гиљермо дел Торо. И покрај тоа што со текот на годините работел на сè поголеми меѓународни продукции, Лаустсен нагласи дека најголемиот дел од неговата работа сепак е поврзан со Данска и Скандинавија.
Публиката погледна сцени и од „John Wick: Chapter 4“, со Киану Ривс, по што Лаустсен зборуваше за процесот на создавање на визуелниот свет на филмот и за предизвиците што ги носи работата на голема акциона продукција.

Македонски


