
Некои луѓе лесно веруваат во она што ќе им го кажете, но има и такви кои речиси веднаш забележуваат дека во приказната нешто не се вклопува. Според астролошките толкувања, припадниците на овие четири хороскопски знаци особено внимателно ги читаат луѓето и тешко е да ги убедите во нешто што уште од почеток им изгледа сомнително.
Девицата тешко можете да ја измамите бидејќи памети детали. Ако еднаш сте кажале една верзија на некој настан, а подоцна промените време, место или друг важен детал, големи се шансите дека ќе го забележи. Наместо веднаш да ве соочи, Девицата може да постави уште неколку прашања и да чека приказната сама да се распадне.
Скорпијата, пак, често не ѝ треба конкретен доказ за да почувствува дека нешто не е во ред. Промените во однесувањето, тонот на гласот или начинот на кој некој одговара можат веднаш да ѝ го привлечат вниманието. Ако се посомнева, може долго да набљудува и да чека уште еден детал што ќе го потврди нејзиниот впечаток.
Тука се и Водолијата и Јарецот. Водолијата не прифаќа тврдење само затоа што звучи убедливо, туку сака сама да ги разгледа работите од повеќе агли. Јарецот, од друга страна, повеќе им верува на постапките отколку на големите зборови. Ако забележи дека некој постојано зборува едно, а прави друго, може едноставно да ја намали довербата и да запамети што се случило.

Македонски


