
„Скејтањето не е за девојчиња“ на македонската режисерка Дина Дума од 8 октомври ќе се прикажува во скопското кино „Синалекс“ објавија од киното.
Улогите ги толкуваат: Ефќар Абаз, Џефрина Јашари, Симонида Селимовиќ и Ганимед Абдула. Сценариото е на Дума, во соработка со Лидија Мојсовска и Теона Стругар Митевска. Кинематографер е Фредерик Нуаром, а продукцијата е на „Сестри и брат Митевски“.
Филмот ја раскажува приказната за Адела, која преку својата страст кон скејтбордингот се бори против конзервативното традиционално општество за да ја спаси својата постара сестра од судбина што станува неизбежна.
Македонската премиера на филмот се случи на 19 септември, на свеченото отворање на 47.издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера (ИФФК) „Браќа Манаки“.
На 3 септември, на средба со новинарите Дума раскажа како ја добила идејата за синимањето на „Скејтањето не е за девојчиња“.

Шетајќи на кеј, во Скопје, видов девојче облечено во ромски шалвари како вози скејброд. За мене тоа беше многу впечатлив момент. Таа слика остана во мене и често и се навраќав. Ми остана во потсвеста. Следно што направив е што го разгледував алманахот од основно училиште и о него видов слика од една моја другарка којашто во тој момент имаше 13 години и којашто всушност имаше слична судбина како што имаше Зара (ликот од филмот), односно беше омажена и стапи во брак, излезе од училиште и сфатив дека од од мои 13 години јас ја немам неа воопшто видено, ниту сретнато низ град. А и што беше најтрагично и тажно е што воопшто не можев ни на Фејсбук и Инстаграм да ја најдам, бидејќи тогаш немавме Фејсбук, уште бевме мали за за да имаме социјални медиуми, така што комплетно комплетно изгубив трага од од неа. Во таа смисла, некако овие два настани беа клучни да почнам да размислувам како како тоа можам да го преточам во филм и така почнав, така на тој начин почнав да го размислувам сценариото“, изјави Дума на средбата со новинарите во Агенцијата за филм.
Девојчињата кои ги толкуваат улогите на сестрите Адела и Зара Абаз и Јашари во приватниот живот се братучетки и токму таа блискост која е видлива и во филмот била клучна за двете да ги добијат улогите.
За да го направам сценариото, морав да истражувам и токму тоа истражување ми даде една комплетна слика за тоа што значат тие обичаи, за да ги разберам подобро. Многу разговарав со заедницата, им го споделував сценариото, бев многу отворена да да ми кажат нивно мислење во таа смисла, бидејќи јас не сум не сум Ромка и ми беше многу важно тоа што го претставувам да биде претставено на еден аа адекватен начин, на многу етички начин пред сè, бидејќи исто така се зборува за една тема којашто е навистина многу специфична и чувствителна. Тој цел процес и време поминато во Шутка, навистина мислам дека дека ми помогна и гледам дека луѓето од заедницата супер реагираат на филмот, што за мене искрено значи највеќе од се, изјави на средбата со новианрите Дума.
Филмот е копродукција помеѓу Македонија, Белгија, Словенија и Хрватска. Проектот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм, како и од националните и регионални фондови на Белгија, Словенија и Хрватска и фондовите Еуримаж и Медиа.

Македонски


