Skip to main content

Премиерата на Театар Куманово, „Смрт на погребот“ ги отвора „Денови на комедијата“

Кумановци, утревечер, на 23 септември во 20 часот, на почетокот на Фестивалот „Денови на комедија“ ќе можат да ја видат новата премиера на Театар Куманово, „Смрт на погребот“ во режија на Ненад Витанов. Во претставата играат актерите Жарко Јовановиќ, Марко Трајковиќ, Александра Михајловска Величковски, Владо Дојчиновски, Дубравка Киселички, Горан Илиќ, Давид Илиќ, Анастасија Трајковиќ, Никица Јанковски и Мирослав Петковиќ.

Годинашното издание на „Денови на комедијата“ ќе се одржи од 23 септември до 5 октомври.

Режисерот Ненад Витанов кажа дека претставата е „црна романтична комедија“. Публиката ја очекува брза и динамична сценска игра, со голем број актери, атрактивни ситуации и многу хумор.

„Кога фестивалот го отвораш, а фестивалот е како една куќна слава во која доаѓаат многу гости, посебно е задоволството кога имаш да се пофалиш со нешто што е ново во твојот дом, а ново во кумановскиот театар е претставата ‘Смрт на погребот’ “, рече Витанов.

Актерот Жарко Јовановиќ и Марко Трајковиќ на прес-конференцијата кажаа дека публиката ја очекува брз и динамичен хумор, интересни ситуации.

Актерката Александра Михајловска Величковски и Никица Јанковски ги поканија кумановци кои не обезбедиле карти за премиерата да ја проследат претставата на некоја од наредните изведби.

Директорката на НУЦК „Трајко Прокопиев“, Јоана Сарафимовска, рече дека годинава за првпат фестивалот ќе биде отворен со кумановска претстава.

giyimJojobetMultiwin girişmarsbahis güncel girişjojobetpusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no depositLivebahisinterbahisjojobetsekabetMarsbahis girişcasibomBetparkCratosroyalbetHoliganbetPusulabetstarzbetcasibomholiganbetmarsbahiscasibom girişjojobetfixbetjojobetmarsbahisBetnisbahsegelbahsegelcasibomjojobetligobetzbahisholiganbetizmir escort