
Македонскиот боксер Ален Рустемовски продолжува со доминантните настапи на Европското боксерско првенство во Софија и обезбеди пласман во четврт-финалето.
Во осминафиналната борба Рустемовски го „разби англискиот боксер Вилијам Хјуит со судиска одлука 4-1, со што дојде на само една победа од освојување медал.
Со евентуален успех во четврт-финалето, Рустемовски ќе дојде најмалку до бронзен медал, што би бил најголемиот успех во неговата кариера.
Следниот предизвик за македонскиот боксер е закажан за 23 септември.ината на успехот на македонскиот претставник.

Македонски


