
Трето издание на Фестивалот за младинска, алтернативна и критичка култура „Ре-култура“ во организација на Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“. Фестивалот ќе се одржи на 22 и 23 септември 2026 година во барот „Љубов“.
Ова е првиот дел од годинешното издание на „Ре-култура“ е фокусирано на книжевност, визуелна уметност и музика со повеќе настани: книжевни промоции, работилница, разговори, дискусии, изложби и диџеј-сетови.
Фестивалот започнува во вторник (22.9.2026) во 17:30 часот со работилница за книжевен превод во соработка со феминистичката платформа „Медуза“, модерирана од Душица Лазова. Програмата продолжува во 19:00 со отворање на дводневанта изложба „Арте(фициелни)факти во проширена реалност“ од Марија Трпеска, а во 20 часот продолжува со проекција на видеа поврзани со изложбата и разговор со авторката модериран од Наде Циева.
Во 21 часот ќе се случи промоција на третиот број на списанието за општа култура „Тригер“ на тема „Балкан, граници, авангарда“ за што ќе дискутираат Виктор Бучковски, Калина Качоровска, Јана Секулоска и Марија Хана Трајкоска. Вечерта завршува со музичка селекција на Хана и Лила.
Програмата од вториот ден (23.9.2026) започнува во 20 часот со поетското читање „Се читаме!“ на кое ќе настапат Урош Ѓоровиќ и Христина Дамјановиќ од Србија, како и македонските автори Николина Андова Шопова, Марија Грубор, Вероника Димоска, Владимир Лукаш, Марија Велинова и Марија Ангеловска.
Потоа, од 21 часот, ќе се случи промоција на стихозбирката „Уриел“ од Урош Ѓоровиќ која што ќе ја промовираат препејувачот на книгата Андреј Медиќ Лазаревски заедно со Ангела Бошкоска. Вечерта завршува со диџеј сет на ЕлектраБлосом. Во текот на двата дена ќе биде поставена и инсталација на фотографии од Теодор Тасевски насловена како „Трети простори во трет простор“.
Третото издание на фестивалот „Ре-култура“ е во организација на „Култура Бета“, а вториот дел од неговото издание ќе се случи во октомври годинава.

Македонски


