
Одличен старт за Ален Рустемовски на Европското сениорско првенство во бокс, кое се одржува во Софија, Бугарија.
Македонскиот боксер во својата прва борба на првенството беше доминантен и со убедливи 5-0 го совлада претставникот на Луксембург, Беник Мелкумиан.
Новиот предизвик за македонскиот боксер следува на 21 септември, кога во осминафиналето ќе се соочи со претставникот на Англија, Вилијам Хевит.
Рустемовски на најдобар можен начин го почна настапот во Софија, а сега ќе има можност да направи уште еден чекор кон висок пласман, по освоената бронза на Медитеранските игри во Таранто.

Македонски


