Skip to main content

Мицотакис: Спорд истите агенции за кои грчките обврзници беа „ѓубре“, Грција сега е пример за раст

pixabay

Новото двојно надградување на перспективите на грчката економија од Мудис (Moody’s) и паралелно на кредитниот рејтинг на земјата од агенцијата Скоуп (Scope Ratings) за само 24 часа, ја потврдува исправноста на економска политика што се применува, заедно со стабилниот и континуиран напредок на грчката економија, напиша на Фејсбук премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис, откако грчката економија доби позитивни оценки од двете меѓународни агенции за кредитен рејтинг, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис посочи дека во услови на меѓународно опкружување исполнето со турбуленции и неизвесност, за истите меѓународни агенции за кредитен рејтинг кои пред неколку години ги оценуваа грчките обврзници како „ѓубре“, сега Грција претставува пример за отпорност, раст, реформи и брзо намалување на јавниот долг.

Грчкиот премиер додаде дека надградбите на грчката економија ја потврдуваат сликата за Грција како политички и економски стабилна земја.

Токму оваа доверба и стабилност се основа за подобра иднина со помалку товар за нашите деца, за да се зголемуваат платите и приходите, да се создаваат повеќе и подобри работни места и да се зајакнува способноста на државата да им помага на домаќинствата и компаниите кога тоа е потребно. Грција оди напред и покрај бурното време. Со план, доследност, надеж и резултати, напиша Мицотакис на Фејсбук.

Агенцијата Скоуп Рејтингс (Scope Ratings) го зголеми кредитниот рејтинг на Грција од BBB на BBB+, со стабилна перспектива, а Мудис (Moody’s) ја подобри перспективата за грчката економија од стабилна на позитивна, додека кредитниот рејтинг го задржа на ниво Baa3.

Поврзани вести

giyimJojobetSahabetmarsbahis güncel girişjojobetpusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no depositvaycasinobahsegeljojobetbahsegelsekabetMarsbahis girişJojobet GirişcasibompusulabetcratosroyalbetholiganbetholiganbetholiganbetJojobetJojobetstarzbetcasibombahsegel giriş