
Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска побара од владата да подготви план за заштита на клучната инфраструктура, вклучително и објекти а одбранбената индустрија од напади со дронови и кибернапади, поради се поголемата руска хибридна закана.
Заканата со која се соочуваат Европејците и Франција изминатите недели, а особено руската хибридна закана дополнително се интензивираше, наведе Макрон.
Макрон ги посочи нападите со беспилотни летала и кибернападите насочени кон критичната инфраструктура.
Тој предупреди дека ќе биде одговорено на нападите и ја обвини Москва дека се обидува да ги заплаши Европејците со цел да ја ослабне нејзината поддршка за Украина.
Не сме заплашени, истакна Макрон, додавајќи дека сегашната и идна безбедноста на Европа зависи и од војната на Русија во Украина.
Тој најави дека ќе свика состанок на Групата седум (Г7) во наредните недели за да се координира одговор на енергетската криза.

Македонски


