Skip to main content

„Тие луѓе утре треба да нè лечат“: Филипче си ги навреди студентите, катастрофално им било знаењето

„Не се споредуваат нашите деца со децата од регионот“ рече лидерот на СДСМ Венко Филипче во вчерашното гостување во емисијата ,,Само интервју” на Канал 5, каде ги обвини студентите на кои самиот им предава како вонреден професор на катедрата по Хирургија на Медицинскиот факултет дека „не знаат ништо“ и се „катастрофа“.

Децата се неписмени на ПИСА тестовите. Не се споредуваат нашите деца со децата од регионот. Пред месец дена имав испит, катастрофално е знаењето на факултетите. Катастрофално е. Тие луѓе утре треба да нè лечат, рече Филипче.

На овие изјави на Филипче реагираше ВМРО-ДПМНЕ, од каде велат дека загрижува што професор има страв неговите колеги утре да нѐ лекуваат. Тоа значи дека не е способен да им го пренесе знаењето.

Чиракот на Заев, Венко Филипче на синоќешното гостување во „Само интервју“ на Канал 5, сакајќи да го омаловажи образованието во државата и да посочи дека нашите студенти се многу послаби од странските – призна дека неговите ученици, патем идни доктори, имаат катастрофално знаење. Токму со ова Филипче потврди една теза, а тоа е дека тој како професор нема знаење на материјата што ја предава, па затоа и студентите не можат да научат ништо од него. Се надеваме дека со новите измени во Законот за високо образование, Филипче ќе го зачува статусот на професор, бидејќи нè загрижува професор на медицински факултет да има страв неговите колеги утре да нѐ лекуваат, а притоа знаењето Венко Филипче не е способен да им го пренесе – од кои причини не знаеме. За разлика од него, професорот Мицкоски има добивано награди за најомилен професор меѓу студентите и еден од најпочитуваните во својата професија, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

ПИСА тестовите, кои ги спомна Филипче, се однесуваат на ученици од основните и средните училишта, а не на студентите.

Поврзани вести

giyimbahsegelJojobetSahabetstarzbetmarsbahis girişjojobetzbahisalobetjojobetrichest gamblersFree spins no depositholiganbetbahsegeljojobetbahsegelsekabetmarsbahisJojobet Girişcasibom