Skip to main content

Началникот на Генералштабот на АРМ на 29. Конференција на началниците на Генералштабови од А-5 во Задар

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, учествуваше на 29. Конференција на началниците на Генералштабовите на Вооружените сили од земјите членки на САД-Јадранската повелба (А-5), која се одржува во Задар, Република Хрватска.

На конференцијата, чиј домаќин е началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Република Хрватска, генерал-потполковник Тихомир Кундид, како што посочуваат од Министерството за одбрана, се дискутираше на темата „Остварување на регионалните придобивки“.

Генералот Лафчиски, во своето обраќање на работните тематски сесии на конференцијата, го истакна  значењето на хуманитарната помош и помошта при катастрофи и подобрување на соработката, која се развива во рамките на А-5 иницијативата, борбата против транснационалниот организиран криминал и градење заеднички регионален одговор, како и  важноста на воената мобилност и инвестиции во инфраструктура со двојна намена.

По завршување на конференцијата потпишана е заедничка изјава со која се потврдува заложбата за натамошно зајакнување и продлабочување на одбранбените способности, како и проширување на воената соработка со цел унапредување на регионалната безбедност.

Во рамките на програмата, генералот Лафчиски оствари средба со врховниот командант на Сојузничките сили во Европа (SACEUR) воедно и командант на европската команда на САД за Европа (EUCOM), генералот Алексус Гринкевич и со заменик-командантот на Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол, генерал-потполковник Питер Скот. Дополнително, генералот Лафчиски оствари и  билатерални средби со дел од началниците на генералштабовите од земјите членки на А-5 и со командантот на Националната гарда на Вермонт генерал-мајор Хенри Хардер.

Како набљудувачи на конференцијата присуствуваа воени претставници од генералштабовите на Вооружените сили на Словенија и од Косовските безбедносни сили, а во улога на гости беа командантите на националните гарди од сојузните држави на САД, кои се партнери на земјите членки од А-5.

Ден претходно се одржа конференција на главните подофицери на Вооружените сили на земјите членки на А-5.

Во изминатите години, А-5 се афирмираше како значајна регионална рамка за продлабочување на одбранбената соработка, зајакнување на меѓусебната доверба и унапредување на заедничките безбедносни интереси.

Поврзани вести

giyimbahsegelJojobetfanatikbetstarzbetcasibom