
Казахстанската тенисерка Елена Рибакина изјави дека нејзината следна цел по освојувањето на Отвореното првенство на САД е трофејот на Грен слемот во Франција.
– Мислам дека освојувањето на сите четири Гренд слем турнири на различни подлоги е огромно достигнување. Не знам колку луѓе го постигнале ова, но да, „Ролан Гарос“ е мојата следна цел и тоа е она што ќе се обидам да го постигнам со мојот тим. Ќе работиме на сè во следните неколку години за да се обидеме да го постигнеме тоа, изјави Рибакина за американската ТВ „CBS“.
Дваесет и седумгодишната Рибакина пред три дена ја победи Арина Сабаленка од Белорусија со 6:4, 5:7, 6:2 во финалето на УС опен. Таа ја освои својата трета титула на Грен слем. Претходно победи на Австралија опен 2026 година и Вимблдон во 2022 година.
Рибакина е рангирана на првото место на ВТА листата.

Македонски


