Skip to main content

ОН: Епидемијата на ебола во Конго е сè уште огромна, пикот не е достигнат

Напорите за контрола на еболата во источниот дел на Конго почнуваат да даваат резултати, но епидемијата е сè уште огромна и ќе бидат потребни месеци за да се стави под контрола, изјавија денеска претставници на Обединетите нации.

Сè уште е смртоносна и огромна епидемија. Има некои случувања, но сепак, во други области сè уште гледаме зголемување на бројот на случаи – изјави Жулиен Харнис, специјален координатор на ОН за ебола, на прес-конференција во Женева, пренесуваат британските медиуми.

Запрашан за извештаите дека епидемијата достигнала пресвртна точка, Оливие Ле Пулен од Светската здравствена организација рече дека е прерано да се каже со сигурност дека пикот е поминат.

Бројот на потврдени случаи на ебола во Демократска Република Конго се зголеми на повеќе од 7.000, вклучувајќи речиси 3.400 смртни случаи од болеста, покажуваат најновите податоци на здравствените власти.(МИА)

Поврзани вести