Skip to main content

Шпански власти: Над 5.300 од мигрантите кои останаа во Сеута по миграцискиот бран од јули, се вратија во Мароко

Фото: Принтскрин

Над 5.300 од мигрантите кои останаа во Сеута по масовниот прилив на мигранти во јули се вратија во Мароко во рок од еден месец, соопшти денеска шпанската влада.

Анхел Виктор Торес, министерот одговорен за координација на акциите на владата, во видео објавено на социјалните мрежи изјави дека 5.321 лице доброволно се вратиле во Мароко од 10 август наваму.

Повеќето од 70.000 мигранти кои влегоа во Сеута на 30 и 31 јули се вратија во Мароко уште во првите часови по нивното пристигнување. Сепак, неколку илјади останаа во Сеута, каде што оттогаш ситуацијата се влоши и избувна насилство и речиси секојдневни протести на локалното население кои бараат враќање во нормална состојба.

Вкупно 90 се откажале од своите барања за меѓународна заштита, а речиси 1.000 луѓе во моментов поминуваат низ регистрација за да можат да се финализираат процедурите за нивно враќање, изјави денеска Торес. Тој не прецизираше уште колку мигранти сè уште се наоѓаат во Сеута.

Лидерот на Сеута, Хуан Хесус Вивас, претставник на главната десничарска опозициска партија – Народната партија, во петокот ја процени нивната бројка на 13.000 луѓе, но проценките на владата се значително пониски.

Министерството за миграција денеска објави отворање на 864 нови места во центрите за привремено сместување, со што нивниот вкупен број достигна околу 4.300 места. Целта е нивниот број да достигне 6.000 „во блиска иднина“.

Поврзани вести