
Во натпревар со резултатски пресврти и шест постигнати голови, Башкими и Вардар ремизираа во Куманово, одигрувајќи 3-3 (2-1) во рамки на 7. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Кумановскиот прволигаш дојде во водство во 21. минута кога Исмаили го совлада голманот Талески, а на 2-0 зголеми Да Силва во 33. минута.
Актуелниот шампион до крајот на полувремето ја преполови негативата со голот на Бабунски, а целосен резултатски пресврт донесе капитенот Закариќ, кој беше двоен стрелец од 69. до 71. минута.
Башкими во завршницата тргна со сите сили во офанзива и на крајот избегна пораз со голот на Саити во 87. минута.

Македонски

