Skip to main content

Обвинителите Цветановски, Пеливанов, Раичевиќ, Искра Хаџи-Василева и Азизи, кандидати за наследник на Ислам Абази

Советот на јавните обвинители денеска формираше комисии за спроведување на постапката за избор на нов основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), при што Комисијата за подготвување кандидатски листи во рок од три дена треба да ги објави имињата на кандидатите кои ги исполнуваат законските услови.

За членови на Комисијата за подготвување кандидатски листи беа избрани Мирјана Илиевска, Ардиан Демири и Душица Димитриеска. Комисијата во рок од три дена треба да ги објави имињата на кандидатите кои ги исполнуваат законските услови за учество во постапката, 

Во Комисијата за спроведување на изборот членуваат Ермон Незири, Светлана Стојковиќ и Кети Петкова.

Во однос на постапката за избор на нов раководител на ОЈО ГОКК, досега се пријавени петмина јавни обвинители. Како што претходно за МИА потврди претседателот на Советот на јавните обвинители, Башким Бесими, кандидатури поднеле вишиот јавен обвинител Јове Цветановски, обвинителот во Вишото јавно обвинителство и поранешен обвинител во СЈО Трајче Пеливанов, обвинителката од ОЈО Скопје Лидија Раичевиќ, како и обвинителите од ОЈО ГОКК Искра Хаџи-Василева и Фатон Азизи.

Изборот на нов основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК е закажан за 28 октомври 2026 година. 

Поврзани вести