
Факултетот за музичка уметност организира традиционален гала оперски концерт, „МЛАДИ ОПЕРСКИ НАДЕЖИ – КОСТА ТРПКОВ“, во организација на Националната опера и балет, а во рамки на одбележувањето на 60-годишнината од основањето на Факултетот за музичка уметност – Скопје.
Под диригентско водство на Маестра Бисера Чадловска, на концертот ќе настапат студентите од класите по соло пеење, како и од Вокалното студио на доц. м-р Бисера Чадловска.
Концерт гости се професорите на студентите по соло пеење: проф. д-р Горан Начевски; проф. м-р Весна Ѓиновска Илкова; доц. м-р Иван Наумовски.
Концертот ќе се одржи на 15 септември 2026 во Големата сцена во НУ Национална опера и балет со почеток во 20 часот.
Влезот е слободен!

Македонски

