Skip to main content

Во Бангладеш речиси 1.000 луѓе починале од мали сипаници

Архива

Бангладеш е погоден од сериозна епидемија на мали сипаници, во која досега починале речиси 1.000 луѓе, а ситуацијата дополнително ја отежнуваат недостигот на вакцини и пренатрупаноста на болниците, објавено е денеска на веб-страницата на Американските центри за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

Од избувнувањето на епидемијата во март, Бангладеш регистрирал повеќе од 166.000 сомнителни случаи на мали сипаници, вклучително и 19.835 лабораториски потврдени инфекции.

Експертите за епидемијата ја обвинија преодната влада, тврдејќи дека ги загрозила животите на децата со промена на политиката за набавка на вакцини. Министерот за здравство Сардар Мд. Сахават Хусеин неодамна изјави дека промените во набавките предизвикале недостиг на вакцини, а дека одложувањето на програмата за вакцинација во 2024 година и откажувањето на националната кампања против малите сипаници и рубеолата придонеле за ранливоста на децата на инфекција.

Светската здравствена организација, УНИЦЕФ и други здравствени агенции, исто така, укажаа на нарушувања во распоредите за имунизација.

Бангладеш одржувал висока опфатеност со вакцинација против мали сипаници во текот на поголемиот дел од изминатата деценија, со стапки кои биле над нивото од 95 проценти што го препорачува Светската здравствена организација (СЗО).

Здравствениот систем е под голем притисок, а болниците немаат доволно капацитети да ги примат сите пациенти.

Вршителот на должноста директор на државната Медицинска болница „Шахид Сухраварди“ во Дака, Нанда Дулал Саха, наведе дека недостигот од педијатриски физиолошки раствор, кој може да помогне во ублажувањето на симптомите на малите сипаници, дополнително ја комплицира ситуацијата.

Според него, болницата, која е проектирана за 1.350 пациенти, во моментов се грижи за повеќе од 2.350 луѓе, додаде тој.

Иако малите сипаници се една од најзаразните болести во светот, тие можат да се спречат со две дози вакцина.

МИА

Поврзани вести