Skip to main content

Петмина приведени за време на концертот на Дејвид Гета

Пет лица биле приведени за време на вчерашниот концерт на Дејвид Гета на Арената „Тоше Проески“ во Скопје.

Според информациите од МВР, регистрирани биле само две нарушувања на јавниот ред и мир при што полициските службеници привеле вкупно петмина.

Полицијата оценува дека настанот од безбедносен аспект поминал исклучително мирно, без поголеми проблеми за обезбедување на самиот објект но и за одвивањето на сообраќајот.

Протокот на посетители пред и по завршувањето на концертот се одвивал без поголеми застои.

Поврзани вести