Skip to main content

Екипите на Град Скопје го „светнаа“ просторот околу стадионот и Градскиот парк по завршување на концертот на Дејвид Гета

Веднаш по завршување на спектакуларниот концерт на Дејвид Гета на Градскиот стадион во Скопје со кој кулминираше прославата 35 години независност на Македонија екипите на Град Скопје започнаа со расчистување на отпадот околу стадионот и во Градскиот парк.

Фејсбук профил на Орце Ѓорѓиевски

Околу 50 илјади посетители присустуваа на концертот во Скопје и ја славеа независноста на Македонија.

Фејсбук профил на Орце Ѓорѓиевски

Упатувам искрена благодарност до секој работник кој ноќта ја помина на терен. Нивниот труд, честопати далеку од вниманието на јавноста, заслужува почит од сите нас. За нас, крајот на еден настан никогаш не е крај на обврската кон градот, објави скопскиот градоначалник Орце Ѓогѓиевски.

Поврзани вести