Skip to main content

ГАЛЕРИЈА: Аеродромот во Охрид го красат реплики на мозаиците и фреските од Плаошник и Света Софија

Министерство за транспорт

Аеродромот во Охрид „Св. Апостол Павле“ чија реконструкција заврши и денеска на Денот на независноста, 8 Септември беше свечено пуштен во употреба го красат реплики на мозаиците и фреските од Плаошник и Света Софија.

фото; Министерство за транспорт

Инвестицијата на „ТАВ Македонија“ за модернизираниот аеродром „Св. Апостол Павле“ во Охрид, изнесува од 2,7 милиони евра, а со неа доби реконструиран патнички терминал, зголемен број шалтери, проширен чек-ин простор, зони за безбедносна контрола и рачен багаж, реорганизиран паркинг, современа опрема и технологија за побезбедно и поефикасно опслужување на патниците.

Фото: Министерство за транспорт

Заменик-претседателот на Владата и министгер за транспорт Александар Николоски рече дека реконструкцијата на аеродромот има своја симболика.

фото: Влада

Прво, симболиката која што ја има реконструкцијата на аеродромот. Второ, едни прекрасни мозаици коишто ве поканувам сите да ги видите, коишто се реплика на мозаиците кои што се наоѓаат низ стариот град на Охрид, низ Варош, но главно се наоѓаат кај Плаошник и навистина се прекрасно реставрирани. Сакам да се заблагодарам на сите коишто работеа, на сите институции од културата и на сите оние коишто работеа на реставрација. И третата работа, имаме една прекрасна реплика на фреските од катедралната црква Св.Софија, така што овој аеродром покрај аеродром е и еден мал музеј којшто го претставува регионот и се надевам дека сите коишто ќе патуваат оттука ќе уживаат, изјави Николоски.

фото: Министерство за транспорт

Поврзани вести