
Проценките на американските разузнавачки служби сугерираат дека Иран станува сè посигурен во својата способност да напаѓа цели низ Блискиот Исток и можеби претпочита да ја продолжи војната со месеци отколку да преговара со Вашингтон, komentira „Њујорк тајмс“.
Како што пишува изданието, службениците информирани за разузнавачките информации велат дека официјален Техеран добил многу појасна слика за своите воени сили за време на шестмесечниот конфликт со САД и сега можеби размислува за поголема ескалација.

Според проценките, Иран во моментов не гледа многу причини да се стреми кон договор. Наместо тоа, може да се обиде да го провлече конфликтот низ среднорочните избори во САД, обложувајќи се дека продолжонети високи цени на енергијата, растечките американски жртви и заморот на јавноста од војната ќе го зголемат домашниот политички притисок врз претседателот Доналд Трамп.
Службениците на САД, исто така, предупредуваат дека Иран би можел да се врати на нивото на ескалација видено во јули, кога постојано ги таргетираше американските воени бази, бродовите во Ормутскиот Теснец и инфраструктурата низ Заливот.

Македонски



