Skip to main content

Адвокатот на Груби: Верувам во неговата невиност

Одбраната на Груби, останува на ставот дека обвинението е неосновано. Адвокатот Гоце Ристовски рече дека во текот на судењето ќе се соочат аргументите на двете страни.

Во судницата ќе слушнете сведоци, ќе се соочат аргументите на Обвинителството и на одбраната, и ќе можете да видите што е вистина, а што не, како и кои се тезите на одбраната и на Јавното обвинителство – изјави Ристовски.

На прашањето дали располагаат со доволно докази за одбрана на Груби, тој одговори потврдно.

Цврсто сме убедени дека нашиот клиент е невин и дека не презел никакви противправни дејствија што би претставувале кривично дело. Тоа е нашата позиција и тоа ќе го докажуваме во текот на постапката – рече тој.

Поврзани вести