Skip to main content

 Дурмиши го пречека министерот за труд на Катар – потпишан Меморандум за институционална соработка во областа на трудот

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска во Клубот на пратениците оствари билатерална средба со министерот за труд на Државата Катар, Н.Е. д-р Али бин Самих Ал Марри, кој престојува во официјална посета на Република Македонија, предводејќи висока владина делегација.

Во рамки на средбата, министрите потпишаа Меморандум за соработка во областа на трудот меѓу Министерството за економија и труд на Република Македонија и Министерството за труд на Државата Катар, со кој се воспоставува институционална рамка за понатамошно продлабочување на билатералната соработка и размена на искуства во областа на трудот.

Меморандумот предвидува соработка во повеќе области од заеднички интерес, меѓу кои размена на искуства, студиски посети и добри практики во сферата на работните односи, инспекцијата на трудот, безбедноста и здравјето при работа, како и размена на мислења и експертиза при унапредувањето на законодавството во областа на трудот. Документот предвидува и формирање Заеднички комитет кој ќе ја координира реализацијата на договорените активности и ќе работи на подготовка на идни програми за соработка.

Поврзани вести