Skip to main content

Со сцена од „Симпсонови“ Иран ја објасни војната со САД

 Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, изјави дека Соединетите Американски Држави ја почнаа војната, а очекуваат „целиот свет да ја плати сметката“, додека Иран го прикажуваат како страна која предизвикала хаос.

Багеи истакна дека Ормуската Теснина беше ширум отворен до 28 февруари, кога САД го нападнаа Иран.

„Вашингтон почна нелегална и брутална војна во регионот и го наруши нормалниот тек на комерцијалната пловидба. Танкерите се запрени, трговијата е нарушена, а цените на енергенсите растат. САД сега се обидуваат на светот да му ја испорачаат сметката за нарушувањето што самите го создадоа и на неа да го стават името на Иран“, напиша Багеи во објава на Х.

Според него, „во приказната што ја наметнува Вашингтон, војната што ја почнаа САД мора некако да се претстави како цена што светот ја плаќа поради однесувањето на Иран“.

„Америка ја почна војната, но очекува целиот свет да ја плати сметката, додека Иран го прикажува како страна која го предизвика овој хаос. Тоа е целосно бесмислено“, заклучи Багеи.

Покрај својата објава, портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи додаде и исечок од популарната американска цртана серија „Симпсонови“, каде што се гледа како главните ликови палат оган и велат дека нема причина за грижа бидејќи се работи за контролиран пожар, за веднаш потоа да сфатат дека тој сепак излегол од контрола

Поврзани вести