Skip to main content

Осма жртва од западнонилска треска во Македонија

 Пациент на возраст од 70 години од скопската населба Драчево е осмата жртва од западнонилската треска годинава. Тој се лекувал на Клиниката за инфективни болести и бил во критична состојба, а имал и неколку коморбидитети.

Досега има 58 потврдени случаи на заболени со вирусот западен нил, од кои два нови случаи вчера беа потврдени од Институтот за јавно здравје. Сите починати од западнонислка треска се мажи на возраст од 62 до 83 години. Тие имале и други заболувања. 

Најмногу случаи од западнонилска треска се пријавени во скопските општини Кисела Вода, Аеродром, Гази Баба и Бутел.

Поврзани вести